Вардар кадети/ФФМ

ВИДЕО | Куп-трофеј слават и кадетите на Вардар, Пелистер загуби на пенали

Екипата на Вардар дојде до куп-трофејот и во кадетска конкуренција откако денеска го совлада Пелистер по изведувањето на пенали откако во регуларниот дел беше 3-3.
Вардар вчера ги освои трофеите во категоријата на пионери и помлади пионери, а денеска кадетите само додадоа уште еден трофеј.

На натпреварот кој се играше на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ битолскиот состав двапати водеше, а Вардар успеваше да израмни. Резултатот беше отворен во третата минута кога водство на скопскиот тим му донесе Невзат Асани, Пелистер израмни во 38-та минута преку Енвер Фејзулаи.

На почетокот од вториот дел Мартин Талевски погоди за 2-1 за Пелистер, додека во 64-тата минута Админ Абдула израмни на 2-2. Второто водство на Пелистер го донесе Јован Мрмачовски, а Вардар стигна до пеналите на две минути пред крајот откако стрелаше Иво Марковски.

За Пелистер во пенал-рулетот не реализираа Јаков Пресилски и Јован Мрмачеовски, додека кај Вардар немаше непрецизни и со 4-2 ја добија серијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот