Објавени резултатите: Додик претседател на Република Српска

Милорад Додик
Милорад Додик / EPA-EFE/SZILARD KOSZTICSAK

Централната изборна комисија на БиХ денеска ги потврди и објави резултатите од општите избори одржани на 2 октомври годинава.

ЦИК соопшти дека одлуката за потврдување на резултатите за сите изборни нивоа е донесена откако Апелациониот оддел на Судот на Босна и Херцеговина ги отфрли или ги оцени како неосновани жалбите на политичките партии на претходно објавените изборни резултати и барањето на опозициските партии за „поништување на изборите во Босна и Херцеговина”.

ЦИК на 27 октомври ги утврди резултатите од изборите за сите нивоа на власт, освен за претседателот на РС, бидејќи опозициските партии од тој ентитет на БиХ поднесоа жалба до Судот на БиХ, наведувајќи дека „огромни нерегуларности” се случи на тоа изборно ниво, поради што бараа поништување.изборите.

Откако нареди пребројување на гласовите за претседател и потпретседатели на РС, ЦИК на 27 октомври објави дека Милорад Додик (СНСД) е избран за претседател на Република Српска, а Давор Прањиќ и Ќамил Дураковиќ се избрани за потпретседатели од редовите на хрватскиот и бошњачкиот народ.

ЦИК со денешната одлука ги потврди тие изборни резултати.

Од денеска, како што наведоа, течат официјалните рокови за формирање влада на сите изборни нивоа.

Граѓаните на Босна и Херцеговина на 2 октомври гласаа за членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, државниот парламент, претседателот и потпретседателите на РС, Народното собрание на РС, парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина, како и собранијата на десет кантони во Федерацијата Босна и Херцеговина.

За нови членови на Претседателството на БиХ се избрани Денис Беќировиќ (СДП), Жељка Цвијановиќ (СНСД) и Жељко Комшиќ (ДФ).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот