НОВОГОДИШНИ ОБИЧАИ И ВЕРУВАЊА: Еве како да ја дочекате Новата година и да ги избркате злите духови!

Во народот длабоко е всадено верувањето дека однесувањето на последниот ден од старата година и првиот ден од новата година одредува каква ќе ви биде новата година. Еве неколку од најраспространетите новогодишни обичаи и верувања.

Во новата година не треба да влегувате со долгови, бидејќи тие ќе ве следат во текот на целата година.
Не смеете ништо да изнесете надвор од вашиот дом на 1 јануари, па дури ни да ги истресете трошките од масата. Во спротивно ви следи година без пари.

Новата година треба да ја дочекате со многу бучава, бидејќи така ќе ги избркате злите духови.

Ако сакате среќа во претстојната година, првиот гостин во куќата би требало да ви биде темнокос и висок маж кој ќе ви донесе подарок. Годината нема да ви биде добра доколку првиот гостин ви е маж со плава или црвена коса. Исто така, ако се работи за женско лице, и тоа би можело да ви донесе несреќа.

Новата година прво треба да ви ја честита личност од спротивниот пол, поради среќа и љубов.
За дочекот на Нова година задолжително облечете нешто црвено, било што, може и долна облека, бидејќи носи среќа во претстојната година.

Се верува дека Новата година треба да ја дочекате со доста, дозволено е и премногу, храна во оставата и фрижидерот. Покрај тоа, во секој паричник кој го имате во домот, особено оној кој редовно го употребувате, треба да ставите пари. Тоа е со цел следната година да ви биде плодна и во благосостојба.

Постои верување и за 2 јануари, во кое се вели дека на овој ден никако не треба да купувате ништо и да трошите пари, бидејќи во тој ден започнува растењето на денот наспрема ноќта и доколку трошите пари, ќе ви растат трошоците, а доколку штедите, ќе имате пари цела година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот