Новиот Бетмен руши рекорди: Над 100 милиони долари заработка за два дена!

бетмен
Моменти од премиерата на „The Batman“ / Фото: ЕПА-ЕФЕ

Последниот филм за Бетмен во продукција на „Warner Bros“ во текот на викендот во кината во Северна Америка заработи околу 128,5 милиони долари, што го прави првиот филм оваа година кој надмина 100 милиони долари во првиот викенд од прикажувањето, според „Exhibitor Relations“.

Продукцијата на најновиот филм за Бетмен, „The Batman“ во која глуми актерот Роберт Патинсон чинела околу 200 милиони долари.

ГАЛЕРИЈА | Премиера на новиот филм за Бетмен: Роберт Патинсон и Зои Кравиц блеснаа на црвениот тепих

„Spider-Man: No Way Home“ на „Sony“ е вториот филм од периодот на пандемијата што ја надмина границата од 100 милиони долари во првиот викенд откако е пуштен во кината. По неговата премиера во декември, забележа огромна продажба од билети и тоа 260 милиони долари.

Авантуристичкиот филм на „Uncharted“, со Том Холанд во улогата на ловец на богатство, пак, падна од топ листите, заработувајќи само 11 милиони долари досега.

ФОТО | Роберт Патинсон откри како се подготвувал за фигурата на Бетмен: Ја броев секоја голтка вода

Комедијата „Dog“ на Метро Голдвин Мајер со Ченинг Тејтум во главната улога го зазеде третото место со заработени 6 милиони долари. А зад него е  „Spider Man“ со 4,4 милиони долари заработка од продажба на билети по 12 недели прикажување во кино салите во САД. На меѓународниот пазар досега има заработено околу 1 милијарда долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот