ФОТО | Роберт Патинсон откри како се подготвувал за фигурата на Бетмен: Ја броев секоја голтка вода

роберт патинсон
Роберт Патинсон, Фото: ЕПА, Јутјуб-принтскрин

Улогата на Бетмен не бара само голема посветеност и физичка спремност, туку и дехидрирање. Како што се приближуваа деновите на глумење без кошула, Роберт Патинсон прецизно „броел голтки вода“ за да се подготви за неговите соголени сцени.

Роберт Патинсон го толкува ликот на „Бетмен“ во веризјата од 2022 година. Но, за да се игра мистериозниот богаташ кој ѝ пркоси на смртта, потребна е интензивна подготовка, вклучително и строга диета.

роберт патинсон бетмен
Роберт Патинсон, Фото: Принтскрин/Јутјуб

Всушност, тој се спремал со „месеци“ за да биде физички подготовен за славната улога.

„Имав околу три месеци пред да започне филмот, а потоа постојано вежбав пред и после работа“, изјави тој за „People“. „Само намалуваш и намалуваш и намалуваш пред сцените со соблечена кошула и броиш голтки вода“.

Глумење без маица во филмот, рече тој, било мотивација да изгледа најдобро.

„Срамот е мојот најголем мотиватор, 100%“, се пошегува тој.

Но, не се сите сцени на Патинсон без кошула. Кога не се фали со стомачните мускули, тој го облекува моќниот костум на Бетмен.

„Смешно е затоа што го читаш сценариото и поминуваш многу време обидувајќи се да сфатиш: „Како можам да го играм овој лик кој прави вакви смели дејствија?“ И колку повеќе се приближував до снимањето, станував сè повеќе параноичен – знаеш, чувството е смешно кога само седиш дома во маица – и потоа го облекуваш“, рече тој опишувајќи го костимот. „Има елементарна моќ во себе“.

ГАЛЕРИЈА | Премиера на новиот филм за Бетмен: Роберт Патинсон и Зои Кравиц блеснаа на црвениот тепих

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот