Нови детали за трагедијата на семејството Рајнер: Роб и Мишел биле предупредени да го држат синот подалеку од домот
Роб и Мишел Рајнер биле предупредени да го држат синот Ник подалеку од нивниот дом откако му била сменета терапијата, бидејќи потенцијално можело да предизвика „непредвидливо“ однесување, пренесуваат американските медиуми. Ник боледувал од шизофренија и јавно зборувал за своето минато со зависност од дрога.
Препорачано
Сега се тврди дека Ник го напуштил својот психијатар и ги сменил лековите непосредно пред неговите родители брутално да бидат убиени.
„Медицинскиот персонал ги предупредил Роб и Мишел да не му дозволуваат на Ник да живее дома додека не ја среди својата терапија“, изјавил извор за „Ју-ес Викли“.
Друг извор за истиот медиум рекол дека родителите се обидувале да му помогнат на синот да се снајде со препишаните лекови, бидејќи „повеќе не му делувале“.
Според истиот извор, медицинскиот персонал на семејството ги предупредил Роб и Мишел да не му дозволуваат на Ник да престојува во нивниот дом поради промената на терапијата, бидејќи тоа можело да предизвика уште понестабилно однесување.

Да потсетиме, Роб и Мишел биле пронајдени мртви во својот дом во Лос Анџелес на 14 декември, откако претходната вечер имале жестока расправија со својот син. Роб имал 78, а Мишел 70 години.
Ник, кој со години имал проблематичен однос со родителите и јавно се борел со зависност од дрога, бил уапсен неколку часа по пронаоѓањето на телата. Во моментов се соочува со обвиненија за убиство од прв степен.
Наводно, Ник неколку недели пред злосторството бил на лекување во рехабилитациски центар во Лос Анџелес. Извори велат дека им се пожалил на лекарите дека се здебелил, што е честа нуспојава од терапијата, по што му ја промениле. Според нив, токму таа промена довела до тоа да стане нестабилен.
Режисерот Роб Рајнер и неговата сопруга пронајдени мртви, полицијата истражува двојно убиство


