Новак Ѓоковиќ недопирлив до 27 февруари – првиот светски тенисер пред историски рекорд

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е рекордер со 375 недели на машката АТП листа. Во двете конкуренции, моментно на врвот е легендарната германска тенисерка Штефи Граф, кој беше прва на женската ВТА-листа точно 377 недели.
Сите се во очекување Ѓоковиќ наскоро да постави нов апсолутен рекорд, поточно на 27 февруари годинава, кога АТП ќе ја објави листата за таа недела.
Карлос Алкараз (Шпанија) и Стефанос Циципас (Грција) нема да можат да ја загрозат неговата прва позиција до тој понеделник. И двајцата ќе се вратат на теренот следната недела, на турнирите во Буенос Аирес, односно Ротердам.
Циципас го брани финалето во Холандија, додека на Алкараз потоа ќе му бидат одземени 500 бода поради титулата освоена во Рио де Жанеиро минатата сезона.
Истиот ден на Ѓоковиќ ќе му бидат одземени само 90 бода, кои ги освои во Дубаи 2022 година, кога беше елиминиран во четвртфиналето.
Директорот на Австралија Опен: Ѓоковиќ го освои турнирот со тешка повреда