Директорот на Австралија Опен: Ѓоковиќ го освои турнирот со тешка повреда

Фото: EPA-EFE/LUKAS COCH

Новак Ѓоковиќ неодамна го освои Австралија Опен, а за неговата победа сега зборуваше директорот на турнирот Крег Тајли.

Ѓоковиќ долго време се мачеше со повредата на задната ложа и на дел од натпреварите можеше да се забележи дека му прави проблеми. Сепак, во јавноста постоеа и соменвања дека тој ја лажира повредата.

Сега Тајли застана во одбрана на Ѓоковиќ, наведувајќи дека навистина станувало збор за повреда.

„Неколку пати го видов како игра со болки во задната ложа. Разговарав и со докторите, ја зборуваше вистината. Знам дека постоеа одредени шпекулации, но Новак со тешка повреда го освои турнирот. Беше професионалец и издржа до самиот крај. Не верувам дека некој друг ќе успее да го освои овој турнир десет пати“, изјави Тајли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот