Ѓоковиќ ја започна 375 недела на врвот, Ивановски напредуваше за 30 позиции на АТП листата

фото: EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Новак Ѓоковиќ го задржа првото место на АТП листата, која беше објавена денеска. Српскиот тенисер ја започна 375 недела на врвот на листата на најдобри тенисери во светот.

На Ѓоковиќ му требаат уште две недели како прв на АТП за да го израмни апсолутниот рекорд кој го држи поранешната германска тенисерка Штефи Граф. Германската тенисерка 377 недели беше на врвот на ВТА листата.

Ноле е првопласиран со 7,070 поени, втор е Шпанецот Карлос Алкараз со 6,730, а трет е Гркот Стефанос Циципас со 6,195.

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски, кој изминатиот период стигна до полуфиналето на турнирот во Тунис, напредуваше за 30 позиции. Моментно Ивановски се наоѓа на 504 место со 72 поени, го дели 500 место со уште четворица тенисери.

Во женска конкуренција на ВТА листата води Ига Швјонтек од Полска со 10,485 поени, пред Арина Сабаленка (Белорусија) со 6,100, а третопласирана е Тунижанката Онс Жабер (5,210).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот