Македонскиот тенисер Ивановски без пласман во финалето на турнирот во Тунис

фото: instagram.com/kalin_ivanovskii/

Најдобриот тенисер од Македонија, Калин Ивановски не се пласираше во финалниот меч за титулата на турнирот кој се одржува во Тунис.

Денеска во полуфиналето нашиот натпреварувач загуби од седмиот носител Федерико Јанаконе со резултат 2:0 во сетови.

Ивановски беше најголем кандидат за пехарот како прв носител на турнирот, но не успеа да ја оправда фаворитската улога.

Неговиот противник од Италија го освои убедливо првиот сет со 6:2, а вториот со 6:4.

Јанаконе во големото финале ќе игра против победникот од вториот полуфинален дуел меѓу Лука Џакомини (Италија) – Стефанос Сакеларидис (Грција).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот