НОВ СТРЕС: После Миа Блажевска, Маленко „удри“ и по Стојановски!

facebook.com/National-Swimming-Federation-Национална-пливачка-федерација

Претходно објавивме дека Александар Маленко испратил допис до Српската пливачка федерација во кој бара да не се дозволи настап на македонските пливачи во Лесковац кои доаѓаат од клубовите кои не се регистрирани во неговата федерација.

Националната пливачка федерација предводена од Александар Филипчев објавија дека Андреј Стојановски на Медитеранскиот Куп КОМЕН на отворени води за пливачи родени 2004/2005 во Ларнака (Кипар), нашиот репрезентативец го освои одличното шесто место во конкуренција на пливачи од Шпанија, Италија, Изарел, Малта и Кипар. Томи Стефановски во категоријата Мастерс (44-49 години) на трката од 2,5 километри го освои првото место.

Резултатот на Стојановски нема да биде вреднуван како официјално време, поради постапките кои ги прави Маленко и „удира“ по децата кои ја претставуваат Македонија на меѓународен план.

Тој ќе им забрани на пливачите во машка и женска конкуренција да пливаат, доколку не се следат прописите за учество на меѓународните натпреварувања.

Ист ваков проблем имаше и најдобрата македонска пливачка Миа Блажевска на „Комен купот“ во Бургас, Бугарија, односно тогаш Маленко бараше нејзина дисквалификација.

Дефинитивно ситуацијата во македонското пливање излегува „надвор од контрола“, време е институциите да ги преземат работите во свои раце, да не трпат штета нашите пливачки надежи.

Претседателот на вистинската Национална пливачка федерација, Александар Филипчев пред јавноста рече дека е испратена кривична пријава за Маленко, дека се користи со лажни печати, дека пливачките клубови во април на регуларно вонредно собрание донесоа одлука за промена на претседателот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот