Неправда и скандал: Најдобрата македонска пливачка во неочекуван стрес! – Слободен печат
Ви ПрепорачувамеОстанатoСпорт

Неправда и скандал: Најдобрата македонска пливачка во неочекуван стрес!

Миа Блажевска е најдобрата пливачка во Македонија, но се најде во неочекувана ситуација поради испратен допис на поранешниот прв човек на федерацијата.

Како што известува Пливачкиот клуб „Орион“ од Скопје на чело со првиот човек Јане Карајованов околу ваквата ситуација и скандалот кој се случи на Медитеранскиот КОМЕН Куп кој се одржа од 21-23.06.2019 во Бургас, Р. Бугарија.

Нивната членка Миа Блажевска Еминова заедно со нејзинито тренер Илија Стојановски беа единствени претставници на Македонија на овој натпревар и се соочија со можност на дисквалификација и предвремено напуштање на истиот поради испратен допис од поранешниот претседател Александар Маленко во кој се бара нивно дисквалификување поради наводно непочитување на кодексот на однесување пропишан од Федерацијата.

– Како информација, кодексот сите наши репрезентативци, пливачи и тренери го почитуваат, но на важечката Федерација која што има нов Претседател. Ние сме исклучително горди и среќни што Миа покрај сите овие стресови успеа да се бори за медал во двете трки.

За сета оваа неправда и скандал утре ќе бидат известени соодветните Институции, а воедно и нашата матична Светска и Европска федерација ФИНА и ЛЕН – се вели во соопштението на претседателот Јане Карајованов.

Воедно ги очекува Европско младинско, Светско сениорско и Светско младинско првенство на кои имаат свои членови кои имаат исполнето норми. Веруваат дека Националната пливачка федерација ќе ги заштити своите репрезентативци и дека без вакви или полоши стресови ќе поминат горенаведените натпревари.

– Воедно, благодариме за сета помош и вклученост на новиот Претседател, Александар Филипчев и потпретседателката на Федерацијата Маријана Кочовска кои успеаја да ги убедат домаќините и делегатот на натпреварот Миа да го заврши натпреварот – додава Карајованов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close