Пливачката федерација го смени и името и Маленко

Александар Филипчев е нов претседател на Националната пливачка федерација (НПФ), додека Пливачката федерација на Македонија замина во историјата, со што продолжи трендот на менување на имињата на федерациите.

Поради потпишаниот „Преспански“ договор помеѓу Македонија и Грција, спортските федерации почнаа да ги менуваат имињата, и дел од нив го додадоа „Северна“, додека пливачите се одлучија за поинакво решение, Национална пливачка федерација.

Освен што го сменија името, пливачите го сменија и Александар Маленко кој беше претседател на Пливачката федерација на Македонија и на негово место доаѓа Александар Филипчев. Филипчев во вториот обид успеа да го „симне“ Маленко од челната позиција на Федерацијата откако минатиот месец, Централниот регистар одби ја ги прифати промените.

Овој пат и во Централниот регистар е впишано новото име на Федерацијата но засега статусот е неактивен бидејќи е новорегистриран субјект  и нема поднесено годишна сметка/финансиски извештај за последната пресметковна година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот