Николов: Би било добро во Тампере да започнеме со победа на Европското првенство

Николов вели дека сега се помирни и ја нема еуфоричната трема од минатото ЕП/Фото: vfmkd.mk

Поранешни олимписки шампиони, „сребрените“ од игрите во Токио, континенталниот владетел од 2007 година, актуелниот освојувач на Европската златна лига, полуфиналистот од пред 14 години и ние. Тоа е „метежот“ во Тампере (Финска) во кој македонските одбојкари веруваат дека можат да играат. А зошто да не? Нашето претходно и досега единствено учество на европските самити покажа дека знаеме да парираме.

– Групата речиси цела се повтори, освен две репрезентации кои се променија, но можам да се согласам со забелешката дека сме помирни, ја нема таа еуфорична трема како тогаш. Би било добро сега да започнеме со победа, па да видиме како ќе се развиваат настаните натаму – вели средниот блокер на македонската сениорска репрезентација, Ристо Николов.

Распоред на натпревари на ЕП 2021

Група „Ц“, Тампере (Финска)

1 септември Македонија – Финска (18.00 часот)
3 септември Македонија – Холандија (19.00 часот)
5 септември Македонија – Турција (13.00 часот)
6 септември Македонија – Шпанија (16.00 часот)
8 септември Македонија – Русија (16.00 часот)

Искуството од Љубљана им овозможи на македонските одбојкари полесно да ги гледаат предизвиците во групата „Це“ во Тампере, каде што сите репрезентации ќе сакаат повеќе од претходниот собир, а некои од нив се тука за најголемиот резултат во историјата. И сите имаат право да се надеваат, и тоа објективно.

Николиќ е нов селектор на македонската одбојкарска репрезентација

Русите навикнаа да бидат одликувани каде и да се појават, како во славните времиња на браќата Ван Дер Гор, Холанѓаните имаат доминантен коректор – Абдел Азис, Турците се можеби ослабени без Екши и Субаши, но нивниот потенцијал е несомнен, Шпанија генерално е спортска велесила, а Финска е домаќин и поставува високи цели

– Сега размислуваме само за Финска затоа што така е најпаметно без оглед дали играме квалификации, Европска лига, или, пак, Европско првенство. Размислуваме натпревар по натпревар бидејќи веќе сме искусна екипа и нема зошто да се залетуваме. Напротив, ќе одиме полека – додава Николов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот