„Нашето мало зајче“: Џиџи Хадид сподели преслатка фотографија од своето шестмесечно бебе – во посебно издание!

Фото: Профимедиа

Откако ја добија ќеркичката, тие и го посветуваат целото слободно време и уживаат во заедничките моменти…

Супермоделот Џиџи Хадид пред шест месеци стана мајка на девојчето кое таа и партнерот Зејн Малик го нарекоа Каи, а оттогаш таа својот живот целосно и го посвети на неа.

Џиџи сподели преслатка фотографија од девојчето кое за велигденските празници го облекле во слатка облека, а станува збор за костимче зајче, со шарена јакничка одозгора.

„Нашето мало зајче! Прв Велигден“, напиша Џиџи во описот на слатката фотографија на која малата Каи лежи во тревата.

Сепак, лицето на бебето не се гледа, се со цел да ја заштитат приватноста на ќеркичката, па не можеме да видиме на кого наликува таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот