На улицата „11-ти Октомври“ во општина Центар изгоре кабел за струја, граѓаните да бидат претпазливи

фото Фејсбук
На улицата „11-ти Октомври“, во близина на Билна аптека, изгоре средно-напонски кабел за струја, кој ги напојува двете главни трафостаници во овој дел од Општина Центар, објави на својот фејсбук профил градоначалникот на општината Саша Богдановиќ. Тој апелира до граѓаните да бидат внимателни при движењето на оваа улица утре рано наутро, од 5:00 до 8:00 часот бидејќи екипи на ЕВН ќе го сервисираат дефектот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот