Милијардер објаснува: Не паничете, цената на нафтата е реална

Нафта / Фото: МИА

– Негативната цена на нафтата го одразува вишокот на понудата над побарувачката, плус трошокот за складирање, вели Маркс.

Падот на цената на американската сурова нафта оваа недела одекна на сите финансиски пазари и поттикна дополнителна загриженост поради индустриските шкрилци. Сепак, инвеститорот и милијардер, Маркс Ховард вели дека не е потребна паника.

Тој е коосновач на „Oaktree Capital Management“, и вели дека ниската цена на суровата нафта е поради побарувачката која во моментов е значително намалена како резултат на рестриктивните мерки на голем број држави во светот поради пандемијата од корона вирусот но и дека купувачите стравуваат дека то крај ќе ги наполнат залихите.

– Тоа не е паника. Тоа е рационален потег, додава тој.

– Последна во низата компликации е цената на нафтените складишта кои не се неограничени. Во моментов складирањето е поскапено, па така денеска не вреди да се купува нафта и истата да се чува. Трошоците за складирање денеска ја надминаа својата вредност, додава Маркс.

Производството на нафта не може едноставно да се запре бидејќи ископите не се така проектирани. Во моментов и понатаму нафтата излегува од земјата и ја надминува потребната количина за потрошувачка, додава Маркс.

Иако голем дел од производителите на нафта во САД се загрижени, пред се оние кои произведуваат нафта од шкрилци, сепак постојат некои утешни најави, а тоа е дека понатамошните договори ќе се склучуваат по цена од 20 па и повеќе долари за барел.

– Негативната цена на нафтата го одразува вишокот на понудата над побарувачката, плус трошокот за складирање. Цената на нафтата следните месеци, за кога се очекува и можно опоравување на земјите од корона вирусот, ќе достигне нормално ниво, додава тој.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот