Мајката на Мајли Сајрус по 30 години брак повторно побара развод од славниот музичар

Мајсли Сајрус со родителите/ Фото: EPA/JASON SZENES

Тиш Сајрус, мајката на пејачката Мајли Сајрус и нејзина менаџерка, по речиси 30 години брак поднесе барање за развод од кантри музичарот Били Реј Сајрус, пишува TMZ.

Тиш минатата недела ги предала документите за развод во кој пишува дека парот не живее заедно подолго од две години. Како причина за разводот се наведени „непомирливите разлики“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tish Cyrus (@tishcyrus)


Таа побара рамномерна распределба на брачниот имот, а со оглед на тоа дека најмладата од нивните пет деца, Ноа, има 22 години, на судот нема да постои битка за старателство.

За разводот запoчна да се шушка уште во текоt на празниците минатата година, кога тие објавуваа семејни фотографии и снимки на кои Бил не беше присутен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tish Cyrus (@tishcyrus)


Во нивниот брак долг 30 години постоеа многу несогласувања, што потврдува и податокот дека ова е третпат парот да поднесува барање за развод. Били Реј во 2010 година поднесе барање за развод, а три години подоцна тоа го направи и Тиш. Но, и двајцата се предомислија. Тиш и Били Реј се венчаа во 1993 година во својата дневна соба во Франклин, Тенеси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tish Cyrus (@tishcyrus)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот