Мајката на Кристијано Роналдо се пофали со вртоглаво скапиот подарок од синот (ФОТО)

инстаграм

Мајката на Кристијано Роналдо, Мариа Долорес се пофали на Инстаграм со подарокот кој го добила за Денот на мајките.

„Им благодарам на моите деца за добиените подароци. На сите мајки им посакувам среќен Ден на мајката“, напиша Мариа под фотографијата на која позира пред новиот мерцедес, а објавата собра повеќе од 225 илјади лајкови.

Роналдо на Инстаграм го честиташе Денот на мајките на посебните жени во неговиот живот.
„Среќен Ден на мајките на моите две посебни жени“, напиша тој покрај фотографиите од мајката Долорес и девојката Георгина Родригез.

Инаку, мајката на Роналдо пред два месеци доживеа мозочен удар, а во текот на опоравувањето Роналдо беше постојано покрај неа. Таа пред една година се оперираше и од рак на дојка, а Роналдо донираше голема сума на пари за изградба на нов центар за лекување на рак во болницата во која беше спасен животот на неговата мајка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот