Мадона се бори со панични напади: Не излегува од домот и ги плаќа работниците да спијат во нејзината куќа!

Profimedia
Фото: Профимедиа

Поп-sвездата Мадона во последните неколку месеци имаше големи здравствени проблеми, поточно со коленото, поради што мораше да ја прекине и турнејата.

Покрај тоа, таа сега се соочува и со паничен страв од коронавирусот. Поради тоа Мадона е надвор од себе од грижа, бидејќи освен своите, таа има и посвоени деца и се повеќе стравува да не се зарази некој во нејзиниот дом.

Фото: Профимедиа

Токму затоа пејачката ангажирала работници за дезинфекција на објекти, кои буквално спијат во нејзината куќа и чистат сè од корен три до четири пати на ден.

Мадона, како што вели, не се плаши за себе, а во една прилика изјави и дека вирусот е единствениот начин да се обедини светот и да исчезнат сите разлики, но секако е вознемирена за децата, за кои искрено стравува, па токму затоа ги презела сите можни мерки и не им дозволувала да излегуваат од куќата.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот