Актерот Силвестер Сталоне одмара со семејството во Малибу…
Легендарниот акционен актер Силвестер Сталоне е сликан на плажата во Малибу заедно со семејството, а она што на сите им паднало во очи е неговиот имиџ.
Иако секогаш водел сметка за изгледот и одржувал добра линија, „Роки“ во последно време малку се запуштил, а за тоа го издал и неговиот голем стомак.

Популарниот актер покрај стомакот, пуштил и брада, која воопшто не е типична за него.
Сепак, без оглед што малку се запуштил, веруваме поради карантинските денови, тој се уште изгледа добро кога ќе се земат во предвид неговите 74 години.
