Љафтов: Се надевам дека нема да ни биде последно ЕП – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Љафтов: Се надевам дека нема да ни биде последно ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација своето дебитантско учество го заврши на 17 место...

Нашите најдобри одбојкари предводени од селекторот Никола Матијашевиќ заслужија да бидат дел од осминафиналето, но другите селекции од групата не ни направија „услуга“.

Сепак, не разочараа „црвено-жолтите“, можеа многу лесно да остварат и три победи во арената „Стожице“, а секако нема да се заборави фактот што беше остварена победа против Словенија (3:1), финалистот на ЕП.

Вечерва во Париз Словенците играа за европската титула и загубија од репрезентацијата на Србија.

Заедно со Никола Ѓоргиев, беше еден од позабележителните играчи во текот на натпреварите, Александар Љафтов им се заблагодари на сите што ја даваа поддршката во текот на ЕП.

– Денеска заврши Европското првенство. Ја имавме шансата да учествуваме за првпат за што сме многу горди. Србија триумфираше во финалето, но ги освоивме срцата на нашите навивачи. Се надевам дека ова нема да биде последно Европско првенство. Благодарност до сите што ни ја даваа поддршката – се зборовите на Љафтов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close