Српската одбојка ја „покори“ Европа (ВИДЕО)

cev.eu

Денеска во финалето на Европското првенство репрезентацијата на Србија во Париз ја совлада селекцијата на Словенија со резултат 3:1 по сетови 19:25, 25:16, 25:18, 25:19.

Александар Анатасијевиќ во победничките редови имаше 22 поени, два помалку Урош Ковачевиќ. На спротивната страна 15 поени беа дело на Клемен Чебуљ, а 12 запиша Ален Пајеник.

Осум години подоцна Србите повторно се враќаат на тронот на континенталните собири, а за Словенците ова е второ сребро за период од четири години.

Дека Србија доминира во овој спорт на европско тло докажува и тоа што нивната женската одбојкарс репрезентација неодамна ја одбрани титулата европски шампион.

Претходно селекцијата на Полска во битката за бронзениот медал триумфираше над Франција. Да додадеме уште дека на ова ЕП дебитираше македонската репрезентација која на крајот заврши на 17 место со учинок од две победи и три порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот