Французите останаа со празни раце, бронзата за Полска

фото: CEV

Исцрпувачкото полуфинале и поразот од Србија ги чинеше одбојкарите на Франција медал на Европското првенство. Французите во натпреварот за бронзениот медал загубија од актуелниот светски шампион, Полска со убедливи 0:3 во сетови и тоа 24:26,22:25,21:25.

Ова воедно е трета бронза за Полјаците на Европските првенства, а вкупно деветти медал. Одлучувачки фактор за победата беше денот повеќе за одмор за Полјаците кои беа подобри во сите делови од играта.

Французите беа рамноправен протовник во сите три сета до самата завршница, но кога беше најпотребно проработуваше блокот на полските одбојкари и рутински ги освојуваа сетовите.

Полска со бронзениот медал ја предводеше Леон со 18 поени, додека Кубијак имаше 14 поени, а на спротивната страна, Нгапет имаше 18 поени.
Во големото финале на ЕП, утре ќе играат селекциите на Србија и на Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот