Крис Џенер сексуално го вознемирувала нејзиниот телохранител: Покрената е тужба против мајката на сестрите Кардашијан – Џенер
Поранешниот телохранител на Крис Џенер, Марк Меквилијамс ја тужи ријалити ѕвездата и мајката на популарните сестри Кардашијан – Џенер за сексуално вознемирување додека работел за нив.
Препорачано
-
1
-
2
-
3

Имено, Марк во тужбата тврди дека Крис го навела на секс додека тој работел како нејзин телохранител во 2017 година. Покрај тужбата за сексуално вознемирување, Крис е обвинета и за токсична работна атмосфера, расна и родова дискриминација.
По овие обвинувања за јавноста се огласил и адвокатот на Крис Џенер:
„Крис Џенер категорично ги отфрла сите обвинувања, кои се целосно неосновани“, изјавил адвокатот за странските медиуми.

Крис, наводно, го допирала Меквилијамс насекаде по неговото тело, и не престанала да го прави тоа дури и откако телохранителот ја замолил да престане. Според судските записи, Марк се пожалил на својот шеф кој потоа го отстранил од позицијата телохранител на Крис Џенер и го префрлил да работи во куќата на нејзината ќерка Кортни. Но, сексуалното вознемирување, според неговата изјава, продолжило и во нејзината куќа.

Адвокатот на семејството Кардашијан – Џенер жестоко ги негирал обвинувањата во изјава за ТМЗ. Тој ја опишал тужбата како „смешна и несериозна“ и објаснил дека станува збор за поранешен вработен кој бил отпуштен затоа што спиел во текот на работното време и сега се обидува да ги достигне своите „пет минути слава“.

– Кога Крис и Кортни ќе го добијат ова дело на суд, тие планираат да го тужат Марк за клевета, додал адвокатот на семејството Кардашијан – Џенер


