Креаторот на „Squid Game“ за новата сезона: Човештвото ќе биде ставено на тест
Хит серијата на Нетфликс „Squid Game“ добива втора сезона, но обожавателите уште некое време ќе мора да почекаат за новите епизоди.
Препорачано
Креаторот на серијата Ханг Донг Хјук за „Vanity Fair“ изјави дека претпоставуваат дека новата сезона ќе биде подготвена за објавување дури на крајот на 2023 или 2024 година.
„Ханг има само околу три страници идеи кои планира да ги претвори во сценарио, така што не може многу да се каже за втората сезона освен дека ќе постојат уште игри“, напиша „Vanity Fair“.
Ханг во изјава за нив ја најави и новата сезона.
„Човештвото ќе биде ставено на тест преку оваа игра уште еднаш. Сакам да поставам прашање: Дали е возможна вистинска солидарност меѓу луѓето?“, изјави креаторот на серијата. Тој проговори и за првата сезона.
„Луѓето ми зборуваа дека е премногу нереално“, изјави тој.
Да се потсетиме, првата сезона на „Squid Game“ беше голем хит на Нетфликс. Во јануари беше службено потврдено дека ќе постои и втора сезона.
„Апсолутно. „Squid Game“ универзумот само што започна“, изјави тогаш извршниот директор на Нетфликс, Тед Сарандос.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
35мин
-
52мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


