Крајот на кралот на комедијата: Вака изгледале последните денови на Робин Вилијамс (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Легендарниот Робин Вилијамс почина на денешен ден во 2014 година, a во негова чест пристигнува новиот документарен филм наречен „Robin’s Wish”.

Фото: Профимедиа

Филмот ги истражува последните денови на познатиот комичар како и природата на невролошката болест со која тој се борел.

Првиот трејлер за филмот е веќе објавен, а во него можеме да видиме голем број интервјуа и коментари од Вилијамс, а исто така и интервјуа со неговите пријатели и колеги.

Фото: Профимедиа

Во „Robin’s Wish” се зборува и за неговото самоубиство во 2014 година и наодите од аутопсијата која покажала дека актерот се борел со деменција. Колегите со кои работел на својот последен филм „Night at the Museum” за првпат зборуваат за промените кои ги забележале кај Робин во текот на снимањето. Филмот од агол на неговите најблиски ги претставува неговите последни денови и детали кои се криеле со години.

Документарецот фрла сосема ново светло на трагедијата, убавината и моќта кои стоеле зад умот на еден од најголемите забавувачи на сите времиња.

Фото: Профимедиа

„Човечкиот мозок е неверојатна жлезда, тешка еден и пол килограм. Во тој момент кога мислиш дека ја разбираш, измислува нешто друго”, говорел Вилијамс.

Документарниот филм е во режија на Тејлор Норвуд, а за публиката ќе биде достапен од 1 септември.

Погледнете го трејлерот…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот