Која е професорката која ја запали својата диплома пред српското Собрание?

Многумина го разбираат ваквиот нејзин потег препознавајќи го бесот во неа, бесот од немоќ кои и самите го чивствуваат. Но потоа беше откриено дека токму таа е активна членка на една политичка партија во земјата.

Професорка во знак на револт вчера излезе пред српското Собрание и ја запали својата диплома во знак на протест против, како што рече „квази државата“, како и луѓето кои ја водат, тврдејќи дека во Србија не може да се дојде до работна позиција без партиски врски.

Многумина го разбираат ваквиот нејзин потег препознавајќи го бесот во неа, бесот од немоќ кои и самите го чивствуваат. Но потоа беше откриено дека токму таа е активна членка на една политичка партија во земјата.

Многумина уште синоќа додека документите, диплома на филолошкиот факилтет и други признанија гореле на плоштадот, почнале да се потсетуваат дека Ена Недиќ била дел од она против кое сега се бори.

Всушност, професорката по српски јазик која има 36 години, најмалку 2 години била член на политичката партија „Движење за обнова на Кралството Србија“ и како што самата рече, преку нив добила работно место.

Таа, според сопственото признание била вработена во Театарот за млади во Нови Сад благодарение на нејзиното зачленување во партијата, а за возврат морала да извршува работи под закани и уцени, вклучувајќи и сексуална злоупотреба. Како што пишува на својот фејсбук профил никогаш не се појавила на работното место, тоа и било строго забрането, но работела во инфо – служба на партијата 6 дена во неделата без фиксно работно време.

– Мојата работа беше следење на медиумите, пишување соопштенија за јавност на репибличко ниво, изјави за партиски функционери и неписмени претставници во Народното Собрание, промоција на лаги низ цела Србија, секој ден практично бев приморана да патувам на трошок на јавните претпријатија, вели таа.

Ена, но и останатите кои на сличен начин добиле работа, како што вели, биле масовно уценувани дека ќе го изгубат работното место или дека нема да добијат место во градинките, геронтолошкиот центар…

– За напредување во кариерата кое не сум го ни посакувала, ми беа нудени сексуални услуги, трпев секојдневен мобинг од страна на претпоставените на најгнасен начин… Мојот единствен мотив за престој таму беше обидот да го прехранам моето дете и да дојдам до својата професија која е смислата на моето постоење, се вели во нејзиниот понатамошен текст на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот