Професорка ги запали своите универзитетски дипломи пред српското Собранието (ФОТО)

Таа се одлучила на овој чин затоа што е незадоволна од состојбата во земјата, пренесува N1.

Вечерва, 36-годишната професорка по српски јазик и литература, Ена Недиќ ги запали сите свои дипломи пред Домот на националното собрание.

Таа се одлучила на овој чин затоа што е незадоволна од состојбата во земјата, пренесува N1. Пред зградата на Националното собрание, професорката ги запали сите нејзини универзитетски дипломи и лиценци кои ги стекнала досега, и вели дека не сака да живее во ваква земја.

Запалени универзитетски дипломи Фото: Блиц.рс

Да потсетиме, пред Собранието се уште е лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, кој е штрајкува со глад, барајќи, меѓу другото, одложување на изборите. На штрајкот му се придружи и пратеникот од Двери, Иван Костиќ.

Професорка револтирана од состојбата во Србија ги запали своите дипломи/Извор: N1

До денес попладне, пратеникот на СНС, Александар Мартиновиќ, исто така, започна штрајк со глад на истото место, барајќи обвинителството да се огласи по повод нападот врз пратеникот, Маријан Ристичевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот