Ким Кардашијан ја откри вистинската причина зошто повеќе нема да се снима семејното шоу

Фото: Инстаграм

Ким Кардашијан неодамна објави дека нејзиното семејство одлучило следната сезона од шоуто „Keeping up with the Kardashians“ да биде последна.

Ким веста ја објави на Инстаграм, а во интервјуто за „Gracia“ сега објасни што се крие зад оваа одлука за укинување на шоуто кое всушност ги вивна сите нив во ѕвездите.

„Никогаш не ни помисливме дека ќе снимиме втора сезона, а всушност снимивме 20. Едноставно ни треба пауза, сосема е едноставно. Ни треба малку време да се прегрупираме“, изјави Ким и додаде дека веќе 14 години немале ниту една пауза од снимањето.

Фото: Инстаграм

„Сега имаме деца на кои сме им потребни и живееме така големи животи“, изјави таа.

„Плачев цел ден кога објавивме дека следната сезона ќе биде последна. Беше многу емотивно“, заклучи таа.

20-та сезона ќе биде последна и ќе биде прикажана во 2021 година, 14 години по првото прикажување во 2007 година.

Фото: Инстаграм

„Со тешко срце донесовме одлука како семејство да се поздравиме со шоуто. По 14 години и 20 сезони, стотици епизоди и бројни спин-оф емисии, ние сме повеќе од благодарни на сите тие кои не гледаа со години“, напиша Ким на социјалните мрежи покрај фотографија од првата сезона на шоуто.

Фото: Инстаграм

„Без „Keeping up with the Kardashians“ не би била овде каде што сум денес. Ова шоу не направи она што сме денес и засекогаш ќе бидам должник на сите оние кои имаа улога во обликувањето на нашите кариери и на тој начин засекогаш го променија нашиот живот“, напиша Ким тогаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот