По 14 години Ким Кардашијан најави крај на најпопуларното реално шоу на светот

Најпопуларното реално шоу на светот, „Keeping Up With The Kardashians“, по долги 14 години, престанува да се емитува. Со оваа вест Ким Кардашијан ги шокираше нејзините фанови.

Ова реално шоу ги прослави сестрите Кардашијан, благодарение на него тие остварија кариери во модниот свет и станаа едни од најбогатите и највлијателните жени во Америка.

Последната сезона на шоуто ќе биде емитувана на почетокот на 2021 година.

Посебна причина за укинување на шоуто наводно не постои, но телевизиската мрежа Е! пренесува дека семејството сака да живее животи без камери. За сѐ веројатно придонесе и бурната година за Ким додека нејзиниот сопруг Канје Вест има проблеми со менталното здравје и контроверзните испади, како и со кандидирањето на претседателските избори, што за неа создава голем притисок.

На нашите неверојатни обожаватели – Со тешко срце донесовме одлука семејството да се поздрави со „Keeping Up With The Kardashians“. По 14 години и 20 сезони неизмерно сме благодарни на сите што нѐ гледавте сите овие години – во добри времиња, во лоши времиња, во среќа, солзи, многу односи и деца. Засекогаш ќе ги чуваме прекрасните спомени и безброј луѓе кои ги запознавме на тој пат… Оваа емисија нѐ создаде и засекогаш ќе им бидам должна на сите кои имаа свои улоги во создавањето на нашите кариери и засекогаш ни ги променија животите. Со љубов и благодарност, Ким“, е дел од објавата на Ким Кардашијан на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот