Како да ги подготвите стапалата за сандали – Оваа маска ќе го реши вашиот проблем!

Уште малку отворените сандали ќе станат неизоставен моден детаљ, но за да ги носите со гордост, ќе мора да ги подготвите стапалата.

За таа цел може да користите скапи купечки креми или овој едноставен, поволен рецепт.

Сe што ви треба е една зрела банана и малку мед.

Со виљушка добро изгмечете ја бананата додека не се претвори во каша. Во смесата додадете 1 лажица мед, добро промешајте, па добиената смеса нанесете ја на чисти стапала.

Посебно добро внимавајте петите да бидат покриени со подебел слој, бидејќи таму кожата е најгруба.

Намачканите стапала завиткајте ги со пластична фолија која треба да отстои 10 минути.

Кога ќе ја тргнете фолијата, исплакнете, па направете пилинг со камен или турпија за нозе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот