Ја обвини Меган Маркл дека лаже, остана без работа, а сега добива смртни закани: Се заколнаа дека ќе ме убијат пред моите три сина!

Profimedia
Фото: Профимедиа

Како услов за враќање на работното место на водителот на познатата утринска емисија, му било кажано дека тој мора да и се извини на сопругата на принцот Хари, нешто што Морган категорично го одбил.

Поранешниот британски водител Пирс Морган тврди дека тој и неговите синови добиваат смртни закани откако тој ја обвини Меган Маркл дека лажела за време на интервјуто со Опра Винфри.

„Моите тројца синови ми рекоа дека и тие исто така се мета и ми испратија снимки од отровни закани на насилство насочени кон нив“, изјави поранешниот домаќин за „Mail on Sunday“.

Фото: Профимедиа

„Пораката што ја добија моите синови гласи: Кога татко ти ќе умре, светот ќе организира забава“, тврди Морган.

„Еден ми се закани дека ќе ме убие пред синовите Спенсер, Алберт и Стенли“, додаде поранешниот водител.

Лондонската полиција за „The Independent“ потврди дека ги истражува заканите.

Поранешниот уредник нагласува дека неговите синови не се интересираат воопшто за Меган Маркл и не го делат неговото мислење за војвотката за Сасекс.

Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Морган призна дека му е жал што ја напушти својата тогашна емисија „Good Morning Britain“ за време на расправијата околу интервјуто со Меган и Хари.

Кога подобро ќе размислам, не требаше да го сторам тоа“, напиша Морган.

Сепак, тој додаде дека услов за да остане на позицијата водител на шоуто е да и се извини на Меган, нешто што тој не сакал да го стори.

„Па, не сакав да и се извинам на Меган Маркл, бидејќи вистината е дека не и верувам“, напиша Морган.

Фото: Профимедиа

„Во слободно, демократско општество, би требало да е дозволено да не му се верува на некој. Дали тоа е самата суштина на слободата на говорот? Ако сега кажам дека и верувам на Меган, ќе ја лажам публиката, и ќе го направам она за што всушност ја обвинив неа“, заклучи поранешниот водител.

Да се потсетиме, ден по интервјуто, Пирс Морган го напушти снимањето во живо на емисијата „Good Morning Britain“ откако неговиот колега Алекс Бересфорд го повика поради коментарот на сметка на Меган Маркл, а после тоа Пирс поднесе оставка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот