Храната одеднаш ви има поинаков вкус? Еве што се обидува вашето тело да ви каже!

Фото: Пиксабеј

Можеби утринава се разбудивте, си ставивте шолја кафе, но тоа имаше сосема поинаков вкус?! Или сте си го направиле вашиот омилен сендвич, но тој не бил таков каков што го сакате?! Доколку храната одеднаш ви има поинаков вкус, тоа би можело прилично да ве вознемири.

Откако губиток на мирисот и вкусот станаа препознатливи симптоми за Ковид-19, лекарите се многу повнимателни кога нивните пациенти ќе им соопштат дека храната повеќе го нема „вистинскиот“ вкус.

„Промената во сетилото за вкус може да биде предизвикана од многу нешта“, изјави за „Livestrong“, Рејчел Кeј, доктор, доцент и раководител на одделот на Универзитетот „Rutgers“.

Можно е да постои основен невролошки проблем со нервите кои го контролираат чувството за вкус или мозокот при толкувањето на вкусот, вели др Кеј. Овие фактори можат да го намалат чувството за вкус (наречено хипогеузија), да го одземат целосно (агеузија) или да предизвикаат поинакво чувство за вкус на храната и пијалоците (дисгезија).

Фото: Пиксабеј

Постојат осум можни објаснувања за ненадејната промена при доживувањето на промена на стандардните вкусови. Иако ова може да ви помогне да ја разберете причината, важно е да разговарате со вашиот доктор за да можете да го решите проблемот и да го лекувате.

1. Сте изеле или сте испиле нешто претопло

Доколку сте се попариле со некоја храна или пијалок, тоа може да го промени вашето чувство за вкус, но бидете свесни дека тоа трае кратко.

2. Настинати сте или имате алергија

Затнатиот нос може да го отежне препознавањето на вкусовите. Во овој случај може да ви помогнат инхалациите. Истото важи и при алергиите, но кога тие ќе стивнат, вкусот веднаш се враќа назад.

Фото: Пиксабеј

3. Имате полип во носот

Носниот полип кој знае да се појави кај многумина за чудо не му пречи на чувството на мирис, туку го саботира чувството за вкус. Консултирајте се со вашиот доктор како да се ослободите од полипот.

4. Користите некој нов лек

Одредени лекови може да ги променат чувствата, особено доколку ги земате првпат и вашето тело досега не било запознаено со нив. Тука се вклучени лековите за штитната жлезда, високиот крвен притисок, антимикотиците и хемотераписките лекови. Консултирајте се со вашиот доктор дали да продолжите со земањето на лекот доколку ви носи ваква промена.

Фото: Пиксабеј

5. Недостаток на хранливи состојки

Недостатокот на цинк, но и недостатокот на витаминот Б12 можат да го пореметат чувството за вкус. Доколку вашата крвна слика покажува сериозен недостаток на овие состојки потребно е да ги надоместите со суплементи.

6. Имате автоимуно пореметување

Автоимуната болест може да биде причина за промена на чувството за вкус. На пример, Сјогреновиот синдром е автоимуна болест што може да предизвика силна сувост во усната и носната шуплина, а тоа предизвикува блокада на чувството за вкус.

Фото: Пиксабеј

7. Одредени невролошки состојби

Било која невролошка состојба која влијае на нервите може да влијае и на вкусот, вели др Кеј. На пример, Беловата парализа може прво да влијае на вкусот, а дури потоа да предизвика парализа на лицето.

8. Имате коронавирус

Губење на сетилото за мирис или вкус може да биде еден од првичните симптоми на ковид-19.

Ако имате губење на мирисот или вкусот, како и други вообичаени симптоми за ковид-19, вклучувајќи треска, кашлица, болки во телото, главоболка, течење на носот, повраќање или дијареја, тогаш потребно е да се консултирате со вашиот доктор и да побарате тестирање.

Кај некои пациенти, дури и откако ќе се излекуваат од коронавирусот, потребен им е долг период за да го вратат чувството за мирис и вкус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот