Германски виролог советува: Престанете да се вакцинирате на секои три месеци

Вакцинирање/Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Континуираната вакцинација би можело да има трајни последици врз имунолошкиот систем. Германски вирусолог понуди решение за претстојниот бран.

Во Германија, лицата постари од 60 години можат по четврти пат да се вакцинираат против коронавирусот. Меѓутоа, вирологот од Есен, Улф Дитмер, предупредува дека пречестото вакцинирање може да го промени имунолошкиот систем и да му наштети.

Вирологот Дитмер советува луѓето да не се вакцинираат на секои три месеци за да се избегнат барањата за носење маска или за тест.

„Ако толку често ги повторувате вакцините, може да дојде до промени во имунолошкиот систем“, предупреди вирусологот во интервју за „Kölnische Rundschau“, пренесува магазинот „Феникс“.

Тоа го покажаа и првите податоци. „Мислам дека има смисла да се продолжи вакцинацијата за следната зима, но не на секои три месеци“, рече Дитмер.

За понатамошно вакцинирање против коронавирусот, тој препорача пациентите да почекаат додека не бидат достапни вакцините на „БионТек/Фајзер“ и „Модерна“ кои се прилагодени на варијантата омикрон.

„Тоа се бивалентни вакцини, тие ја содржат старата вакцина и адаптираната варијанта и покренуваат широк имунолошки одговор на сите претходни варијанти. Значи, јас би почекал до септември или октомври тие вакцини да се најдат на пазарот и потоа би се вакцинирал за зимската сезона“, порача вирологот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот