стареење жени
Фото: Профимедиа

Генетиката игра клучна улога: Овие три болести често се наследуваат од родителите

Иако многу здравствени состојби се резултат на начин на живот или едноставно лоша среќа, генетиката игра клучна улога во склоноста на одредени болести. Ако вашите родители или баби и дедовци имале некоја болест, поголема е веројатноста дека и вие ќе ја развиете. Тоа, секако, не значи дека болеста е неизбежна, но укажува на зголемен ризик. Д-р Клер Грејнџер издвоила три вообичаени состојби  на кои значително влијание генетиката, пишува „Унилад“.

Дијабетес

Постојат два типа дијабетес. Додека тип 1 е автоимуна болест, тип 2 е поврзан со начинот на животот, но и со генетиката.

– Дијабетес тип 2 е една од најчестите состојби со наследна компонента. Иако факторите како што се исхраната, телесната тежина и активноста играат значајна улога, генетиката може да ја зголеми тенденцијата за добивање на болеста. Тоа не значи дека болеста е неизбежна, но укажува дека треба да бидете проактивни: редовно одете на лекарски прегледи, одржувајте здрава телесна тежина и следете ги симптомите како што се зголемена жед, замор или често мокрење – објаснила д-р Грејнџер.

Астма

Астмата е честа состојба што ги зафаќа дишните патишта, предизвикувајќи стегање во градите, кашлање и отежнато дишење, а сериозноста на симптомите може да варира од благи до многу тешки.

– Астмата е уште една состојба што често се појавува во семејствата. Истражувањата покажуваат дека децата имаат поголема веројатност дека ќе развијат астма ако едниот или двајцата родители боледуваат од неа. Астмата има силна генетска компонента – рекла д-р Грејнџер.

Генетиката не влијае само на астмата.

– Ако вашите родители имаат астма, поленска треска или егзема, можеби и вие сте посклони кон развој на респираторни или алергиски болести. Раната дијагноза и соодветниот план за лекување можат значително да го подобрат квалитетот на животот – објаснила докторката.

Акни

Иако често се мисли дека акните се проблем исклучиво на тинејџерите, тие можат да се појавуват и во возрасната доба. На нивната појава влијаат исхраната и начинот на живот, но и на генетиката.

– Акните често се сметаат само за минлива фаза во адолесценцијата, но генетиката може да игра значајна улога во тоа кој ќе ги развие и колку сериозна ќе биде состојбата – рекла д-р Грејнџер.

– Многумина не знаат дека акните можат да бидат наследни. Ако вашите родители имале упорни акни или се бореле со нив долго во возрасната доба, поголема е веројатноста и вие да ги имате. Генетиката може да влијае на сè, од производство на себумот до тоа како кожата реагира на бактерии и воспаленија – заклучила таа.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот