Газда на синџир аптеки и часовничар загинаа во синоќешната сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа која се случи вчеравечер на патот Гостивар-Кичево. Како што пренесуваат дел од медиумите, еден од загинатите бил сопственик на синџир аптеки додека пак другиот бил часовничар.

Возачот на возилото марка „БМВ“, Б.Х. починал на местото на настанот, додека другиот сопатник Т.Р. не ги преживеал повредите и починал во гостиварската болница.

„Синоќа во 21:20 часот во СПБ Тетово било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ со регистерски ознаки на Демир Капија управувано од Б.Х. (54) од Гостивар и камион трактор „Сканија“ со косовски регистарски ознаки, управуван од А.Т.(60) од Косово“, информираа од МВР.

Двајца загинати во сообраќајната несреќа близу Гостивар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот