Нормализиран сообраќајот на патот Гостивар-Кичево
Сообраќајот на патниот правец Кичево-Гостивар е нормализиран, информираат од Автомотосојузот на Македонија. Оттаму појаснуваат дека сообраќајот на овој патен правец е нормализиран од 16:25 часот. Како што претходно информираа од АМСМ, сообраќајот на патниот правец Кичево – Гостивар беше во прекин поради сообраќајна несреќа.

