Охриѓанец се обидел да поткупи полицајци па бил приведен
Педесет и деветгодишен охриѓанец бил приведен откако при сторен сообраќаен прекршок на патот Кичево-Гостивар бил застанат од сообраќајна полиција и се обидел да ги поткупи полицајците со пари ставени во личните документи.
Препорачано
„На 10.09.2023 во 19.35 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на кичевското село Зајас, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.Ј.(59) од Охрид. Тој, по сторен сообраќаен прекршок, во личните исправи што им ги дал на полициските службеници, ставил пари како поткуп, а кои веднаш му биле вратени“, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Видео на денот
-
Најново
-
Најчитано


