ФОТО | Трагичната бајка во 8 чина: Сите бракови на убавицата со виолетови очи Елизабет Тејлор

Фото: Елизабет Тејлор/Профимедиа
Фото: Елизабет Тејлор/Профимедиа

Холивудската дива Елизабет Тејлор најчесто ја поврзуваат со нејзините осум бракови и мажите кои го одбележаа нејзиниот живот. Без оглед како завршиле тие љубовни приказни, една работа е постојана: Елизабет Тејлор никогаш не се откажа од потрагата по вистинска љубов!

Еве што не сте знаеле можеби за нејзините избраници и брачни пловидби.

Првиот брак на Елизабет беше со Конрад „Ники“ Хилтон, склучен во 1950 година и траеше само една година потоа. Љубовната приказна започнала како бајка, но заврши лошо. Таа била премлада, судејќи според нејзините изјави „бев тинејџерка и не знаев што правам“. По осум месеци, бракот завршува. Таа и Хилтон се сретнале во ноќен клуб во 1949 година, а подоцна се зеле на свадбена церемонија на која присуствувале преку 600 луѓе.

Фото: Елизабет Тејлор и Конрад Хилтон/Профимедиа
Фото: Елизабет Тејлор и Конрад Хилтон/Профимедиа

Бракот станува горчлив, кога на нивниот меден месец, двојката постојано се карала. Хилтон имал и зависност од дрога и алкохол, што довело до тоа да ја малтретира Елизабет. Тој почина во 1969 година, како последица од овие пороци.

Вториот брак беше со Мајкл Вилдинг, во 1952 година.

По една година од разводот со Хилтон; Тејлор веднаш скокнала во тавче, по вторпат. Овој пат се одлучи за брачни завети со британскиот актер Мајкл Вилдинг, кој беше постар од неа 20 години. Од бракот тие имаат два сина, Мајкл, роден 1953 и Кристофер, роден 1955.

Фото: Елизабет Тејлор/Принтскрин/Јутјуб
Фото: Елизабет Тејлор/Принтскрин/Јутјуб

Според Елизабет, Мајкл бил „одличен татко“, но тие двајца се разделуваат по пет години, кога и се случува разводот, во 1957.

Трета среќа – да или не?

Третиот брак на актерката е со Мајк Тод, во 1957 година, за кого се вели дека бил нејзината најголема љубов (заедно со Ричард Бартон). Филмскиот продуцент и Лиз се запознале непосредно по разводот на Елизабет и ја добиваат ќерката Елизабет Френсис. Најблиските пријатели на актерката велат дека таа била најсреќна во тој брак. Но, по една година, и оваа релација завршува, за жал трагично.

Фото: Елизабет Тејлор/Фејсбук
Фото: Елизабет Тејлор/Фејсбук

Тод летајќи со својот приватен авион, доживува несреќа во Ново Мексико. Тејлор која требало да патува заедно со него, во мигот откажала затоа што била болна. Болката на актерката била незамислива. Подоцна, за медиумите раскажувала како по несреќата, само врескала од тага „Не, не, не Мајк, не Мајк, само не тој“. Овој маж е единствениот од кого таа не се разведе.

Четврта љубов или скандал?

Бракот со мажот број четири е всушност врска со нејзиниот пријател Еди Фишер. Оваа релација била скандалозна во Холивуд, затоа што Еди и неговата сопруга биле блиски со Мајк додека бил жив и Елизабет. Семејните врски се измешале, па јавноста не била баш среќна со изборот на четврт маж. По само еден месец од несреќата, Еди се разделил од својата сопруга за само да биде со Елизабет. Јавноста ги нарекла „предавници“, а Елизабет „расипикуќа“. Парот бил во брак пет години, но се разведуваат кога Лиз почнува афера со Ричард Бартон. Кариерата на актерката се крева во височините, но на Еди за жал, завршува во заборав и никогаш не закрепна.

Петта среќа по шести пат за актерката – можеби најпознатиот брак од сите

Петтиот брак на убавицата со виолетови очи е всушност најраскажуваната љубовна сага на златната ера на Холивуд. Овој брак всушност еднаш се случил, па се завршил и повторно се склучил. Да, да сагата е навистина интересна.

Фото: Елизабет Тејлор и Ричард Бартон/Профимедиа
Фото: Елизабет Тејлор и Ричард Бартон/Профимедиа

Ричард Бартон е мажот кој е секогаш асоцијација на Елизабет Тејлор. И двајцата се сретнале на снимањето на познатиот филм „Клеопатра“, каде и почнува нивната афера. Според Тејлор, тоа било љубов на прв поглед. Целосната врска била пример за хемија, енергија, взаемна љубов и луксузен животен стил. Тие се венчале во 1964, а деценија подоцна се разведуваат. Но, не за долго. По разводот во 1974, тие пак се бираат еден со друг и склучуваат втор брак, кој завршува по една година.
Елизабет и Ричард остануваат во контакт и редовно се посетуваат сѐ до смртта на Ричард. Таа тврдеше дека тој ѝ е најголемата љубов во животот.

Седмата среќа беше со Џон Варнер, политичар. Се венчале по неколку месеци од разводот со Бартон, во силна романса која резултираше со брак по само пет месеци забавување. Сепак, Тејлор изјави дека „Бартон беше човекот кој беше тука за да ме третира кко кралица. Сите по него се само друштво, да ми го придржат капутот, или да ми ја отворат вратата“.

Фото: Елизабет Тејлор/Фејсбук
Фото: Елизабет Тејлор/Фејсбук

Откако двојката се венчала, Варнер веќе бил во Сенатот. Преку Тејлор, успешно можел да привлече многу луѓе, затоа што таа била дел од неговата кампања. Кога Варнер е избран во Сенатот, Лиз објасни дека тој период од животот се чувствувала многу осамено. „Никогаш не сум била толку сама како кога бев со Господин Сенатор“. Не го обвинила никогаш за нејзините чувства, но се развеле во 1982 затоа што таа не можела да го поднесе чувството на изолираност и самотија во бракот.

Осмиот брак е всушност спојка од клиниката за рехабилитација.

Последниот брак на холивудската ѕвезда е со Лари Фортенски, најмалку познат и не толку блескав како претходните. Тие двајца се сретнаа на лекување во клиниката „Бети Форд“, каде и заедно го поминувале времето.

Фото: Елизабет Тејлор и Лари Фортенски/Фејсбук
Фото: Елизабет Тејлор и Лари Фортенски/Фејсбук

Нивната свадба од соништата беше на познатиот ранч на Мајкл Џексон, „Недојдија“. Сепак, се разведоа во 1996та . Иако беа разделени, беа во одлични односи, до крајот на животот на Елизабет, која почина во 2011.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот