ФОТО | Си го уништи лицето со пластичните операции: Беше во врска со омилениот холивудски мангуп, а денес повеќе не личи на себе!

Фото: Профимедиа

Популарната актерка Лара Флин Бојл утре ќе го прослави својот 51 роденден. За жал, оваа убава актерка не успеа да им одолее на естетските корекции и досега претрпе бројни неуспешни операции кои всушност ја загрозија и нејзината успешна актерска кариера.

Ирско-американската актерка Лара Флин Бојл утре ќе го прослави својот 51 роденден, а сите ја паметат како убавицата која се прослави во остварувањата „Твин Пикс“ и „Мажи во црно 2“.

Таа својата кариера ја градеше со сигурни чекори, но бројните неуспешни пластични операции и ја уништија кариерата.

Фото: Профимедиа

Таа ги корегираше усните, тенот и беше подложена и на ринопластика. Лицето го средуваше со филери, исто и веѓите и често правеше пластичен лифтинг на лицето. Исто така се шпекулира дека таа ги коригирала и јаболчниците и образите.

Таа потоа имаше потешкотии да добие улога поради нејзиниот изглед. Последната филмска улога ја доби во 2014 година. Во последниве години, таа ретко се појавува во јавноста и нејзините фотографии во светските медиуми се ретки.

Фото: Профимедиа

Да потсетиме, популарната актерка се забавуваше со Џек Николсон, Кајл Меклахлан, а зад себе има и два брака. Лара беше во брак со Џон Патрик Ди III до 1998 година, а потоа се омажи за Доналд Реј Томас во 2006 година и сè уште е во брак со него.

По повеќегодишната пауза, нејзиното враќање на големите екрани оваа година беше најавено во филмот „Смрт во Тексас“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот