Ромео, Круз и Бруклин Бекам / Фото: HENRY NICHOLLS / AFP / Profimedia

ФОТО | Повторно тензии во семејството Бекам: Бруклин објави серија фотографии со силна порака

Новата објава на Круз Бекам дополнително ги разгоре шпекулациите дека семејната драма е далеку од завршена. Додека Ромео неодамна ја покажа својата нова тетоважа, само неколку дена откако Бруклин ја прекри тетоважата посветена на нивниот татко Дејвид, сега и најмладиот син Круз (20) се огласи на Инстаграм.

Ромео, кој наводно моментално не е во контакт со 26-годишниот Бруклин, најстариот син кој ги прекина односите со речиси сите членови, вклучувајќи ја и помалата сестра Харпер.

Ромео претходно ја покажа новата тетоважа на задниот дел од вратот над крстот со ангелски крилја, направен како омаж на тетоважата на Дејвид на истото место, сега стои зборот „family“ (семејство), испишан со елегантни букви. Фотографиите од тетовирањето ги сподели на Инстаграм, што многумина го протолкуваа како јасна порака.

Сега, Круз објави неколку стари семејни фотографии. На првата се гледа Бруклин како ги гушка помладите браќа Круз и Ромео. На втората, тројцата браќа позираат со сестрата Харпер (14), облечени во пчеларски одела.

Фото: Инстаграм/КрузБекам

Круз не напиша ништо во описот, но во коментарите се јави нивната мајка Викторија Бекам, оставајќи четири црвени срца. Нејзината реакција доби поддршка од бројни следбеници, кои изразија надеж дека семејството ќе ги реши недоразбирањата.

„Се надевам дека наскоро сите ќе ги решите недоразбирањата“, напиша еден корисник, „Ајде, Бруклин. Твоето семејство те сака“, „Прекрасно“, гласеа некои од коментарите.

Фото: Инстаграм/КрузБекам

Ова е првпат Круз јавно да се огласи за брат му откако Бруклин во јануари изнесе сериозни обвинувања кон своите родители, од тврдења дека наводно сакале да го натераат да потпише договор, до тоа дека Викторија му го прекинала првиот танц на свадбата за да го заштити „брендот Бекам“.

Во целата приказна се огласи и Марк Ентони, блискиот семеен пријател кој беше диџеј на свадбата на Бруклин и Никола Пелц во 2022 година. Тој во интервју за „The Hollywood Reporter“ изјави дека Бекамови се „прекрасно семејство“ и дека ситуацијата е „многу несреќна“.

„Немам што да кажам за тоа што се случува во семејството. Ги познавам откако децата беа мали. Круз ми е кумче. Навистина сум близок со нив, но немам што да додадам за тоа што се случило“, изјави 57-годишниот пејач.

Марк Ентони проговори за драмата во семејството Бекам: „Начинот на кој се претставува сѐ, тешко одговара на вистината“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот