Марк Ентони - Фото: Инстаграм/МаркЕнтони

Марк Ентони проговори за драмата во семејството Бекам: „Начинот на кој се претставува сѐ, тешко одговара на вистината“

Познатиот пејач Марк Ентони кој беше гостин и настапи на свадбата на Бруклин Бекам и Никола Пелц во 2022 година, првпат јавно се огласи за семејната расправија во семејството Бекам. Антони ја коментираше драмата откако Бруклин минатиот месец на социјалните мрежи потврди дека прекинал врски со своите родители, пренесува „Би-би-си“.

„Немам што да кажам за тоа што се случува во семејството“, изјави Ентони во интервју за „Морнинг“.

Тој ја нарече ситуацијата „извонредно несреќна“ и рече дека не може да коментира што точно се случува во семејството.

„Тие се прекрасни, прекрасни луѓе. Ги познавам уште кога децата не беа ни родени. Кум сум на Круз. Навистина сум близок со семејството“, додаде пејачот.

Дејвид и Викторија Бекам со семејството во Париз / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Антони избегна да влезе во детали за тоа што се случило на свадбената прослава и јавната кавга која следеше, но сепак истакна:

„Многу е несреќно како се одвива сето ова, но начинот на кој се претставува е многу тешко да се совпадне со вистината“.

Драмата во семејството Бекам започнала по свадбата на Бруклин и Никола во април 2022 година, на која според тврдењата на најстариот син на Бекам, настанале првите сериозни несогласувања меѓу него и неговите родители, Дејвид и Викторија.

Бруклин, Викторија и Дејвид Бекам – Фото: EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

Тој потоа јавно објави серија обвиненија против нив, тврдејќи дека родителите се обиделе да го контролираат неговиот живот и неговата врска, додавајќи дека целото семејство повеќе се грижи за имиџот и јавната слика отколку за искрените односи.

Еден од клучните моменти во споровите е инцидентот за време на свадбата, кој Бруклин го опиша како многу непријатен и понижувачки. Според него, неговата мајка Викторија „му го одзела“ првиот свадбен танц кој бил најавен од Марк, поточно Викторија го одиграла со него иако тој момент требало да биде романтичен и само помеѓу него и Никола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот