ФОТО | Кралицата Летиција (48) гордо ги покажа седите влакна: Вака изгледа достоинственото стареење!
Совршена комбинација на облека во секоја пригода…
Препорачано
Позната по својот елегантен стил на облекување и навика за модно рециклирање, 48-годишната шпанска кралица Летиција изненади со нејзиниот изглед за време на состанокот во Кралската шпанска академија во Мадрид.
Во нејзиниот последен стајлинг во серијата доминираше модел на капут украсен со црно-бела верзија на дизајнот „Vichy“, кој според прогнозите на модните експерти ќе го има главниот збор и ова лето.
Потпишан е од шпанскиот моден бренд „Mirto“, а станува збор за парче што зрачи со елеганцијата што со години ја преферира една од најдобро облечените дами од кралскиот двор.

Кралицата на себе носеше бела блуза со проѕирни детали и капри панталони со кожен ефект, со потпис на уличниот моден бренд „Uterqüe“, во кој веќе имавме можност да ја видиме.
За дополнително да ја истакне нејзината црно-бела комбинација, таа употреби лакирани салонки од нејзиниот омилен бренд „Margit“ и додатокот во вид на чанта со потпис на „Nine Ricci“, која е украсена со детал од златен ланец кој е многу пожелен во оваа сезона.
Сепак, единствениот детал што не сме навикнале да го гледаме на неа е – седата коса.

Гордо одејќи „со бели влакна“ во косата, кралицата покажа што значи достоинственото стареење!


