ФОТО: Како денес изгледа синот на Јасна и Бранко Црвенковски?

Фото: ЕПА/Фејсбук

За децата на поранешниот премиер и претседател на Република Македонија се познати малку нешта. Бранко Црвенковски, поранешниот лидер на политичката партија СДСМ, заедно со сопругата Јасна Црвенковска има две деца, синот Љупчо и ќерката Марија.

Тогашниот премиер и претседателски кандидат, Бранко Црвенковски со сопругата Јасна Црвенковска го напуштаат гласачкото место / 14 април 2004 / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Малку работи и се познати на јавноста за синот Љупчо, а за ќерката Марија не е познато речиси ништо.

Бранко Црвенковски со сопругата Јасна Црвенковска / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Љупчо Црвенковски не се експонира во јавноста, не гради политичка кариера како неговиот татко, а и социјалните мрежи ретко ги користи. Тој има дипломирано на Економскиот факултет на државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Љупчо во јавноста се има појавено само неколку пати, од кои еднаш како поддршка на својот татко на 24 декември, црниот понеделник, каде заедно со својот татко застана во првите борбени редови, пред Собранието од каде насилно беа исфрлени пратениците од опозицијата и новинарите. Тоа беше негово прво појавување во јавност, а подоцна продолжи да се појавува и на протестите што ги организираше опозицискиот СДСМ пред седиштето на владејачката партија, пред Сител телевизија и пред јавниот сервис МТВ.

24 декември 2012, „Црниот понеделник“: Бранко Црвенковски и неговиот син Љупчо (најдесно) / EPA/NAKE BATEV

„Подготвен сум на ист начин, како на 24 декември, 2012 година заедно со син ми да бидам во првите редови“, го спомна во 2015. година Бранко Црвенковски синот Љупчо, во отворено писмо до јавноста.

Љупчо Црвенковски своевремено беше ставен на тапет на провладините медиуми на тогашната власт, дека за време на митинг на СДСМ во Штип наводно започнал тепачка, при што беше покрената и кривична пријава против него.

Тие што го познаваат, велат дека Љупчо е скромно, мирно и повлечено момче кое „не сака да се експонира“.

Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот