ФОТО | Јасно е од кого го наследиле добриот изглед: Мајката на Бела и Џиџи Хадид во шесттата деценија изгледа одлично

Фото: Профимедиа

Иако има 57 години, таа изгледа барем 10 години помладо…

Бела и Џиџи Хадид љубовта кон модата, но и добриот изглед ги наследиле од својата мајка, поранешната манекенка Јоланда Хадид.

Иако од модната писта се симна уште пред 2 децении, Јоланда го задржала добриот изглед, па без проблем може да застане рамо до рамо и со двојно помлади девојки. Каде и да се појави, поранешната манекенка мами погледи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by YOLANDA (@yolanda.hadid)


Таа не крие дека и до денес редовно вежба за да ја одржи добрата кондиција. Јоланда е поборник на естетските корекции, а за тоа отворено зборува. „Мислам дека жената, доколку сака и чувствува потреба, треба да се разубави себе си и да посети естетски хирург. Тука ништо не е необично“, изјави таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by YOLANDA (@yolanda.hadid)


Освен со добриот изглед, може да се пофали и со совршениот стил, па не не чуди што постојано се наоѓа на врвот на листата со најдобро облечени жени. Кога ќе ги погледнете фотографиите, ќе ви биде јасно зошто таа е миленичка на модните критичари.

Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот