ФОТО | Денес е една од најубавите жени во светот: Но нема да верувате како изгледала Пријанка Чопра пред 22 години!

Profimedia
Фото: Профимедиа

Индиската актерка и манекенка Пријанка Чопра (38) денес е филмска ѕвезда, а пред да зачекори во светот на глумата таа беше крунисана со титулата Мис на светот во 2000 година. Пријанка тогаш имала 18 години.

Една од најубавите жени во светот најпрвин кариерата ја започнала во Боливуд, а потоа се пробила и во Холивуд. Пријанка е во брак со поп пејачот Ник Џонас (28).

Фаталната средба на Пријанка Чопра и Ник Џонас се случила во 2017 година на Мет Гала забавата. Набрзо потоа тие започнале да се забавуваат, а само еден месец подоцна поранешната мис на светот го запозна својот партнер со семејството.

Тие многу брзо сфатиле дека се еден на друг, па не чекаа многу за веридбата и венчавката.

38-годишната актерка сега одлучи со своите следбеници да сподели фотографија од времето кога таа се уште не беше официјално најубавата жена на светот.

Тогаш 17-годишната Пријанка позирала во црни пантолони и тесна црна јакна, додека долгата црна коса и била пуштена преку рамената.

Кога ќе го погледнете манекенсиот став и самоуверениот поглед во камерата ќе сфатите дека таа уште тогаш била подготвена за изборот на мис и животот под светло на рефлекторите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот