ФОТО | Анонимен битолчанец го купил портретот на Атиџе! Почетната цена беше 10.000 денари

Фото: Фејсбук/Сузана Турунџиева

Хероината на легендарниот македонски документарец „Медена земја“, Атиџе Муратова, вчера наполни 58 години. По тој повод, нејзината голема пријателка, водителката и музичарка Сузана Турунџиева организираше хуманитарна акција.

На продажба беше понуден портрет на Атиџе, изработен во техника акрил на платно, дело на ликовниот уметник Саше Милевски.

„Стартуваме со роденденска хуманитарна аукција по повод 58-от роденден на нашата Атиџе Муратова. Планирано е тоа да биде 24-часовно наддавање за уметничко дело – портрет на Атиџе, кој за оваа цел го изработи младиот и талентиран уметник Саше Милевски во техника акрил на платно, со димензии 90х70. Оној кој ќе понуди највисока цена за портретот, ќе стане сопственик на истиот, и ќе има прилика средствата лично да ѝ ги подари на Атиџе“, напиша Сузана на Фејсбук пред два дена.

Почетната цена за делото беше 10.000 денари, а наддавањето се случуваше онлајн.

Очигледно дека аукцијата успешно завршила, а како што информираше Сузана на Фејсбук, делото го купил битолчанец кој живее во странство, а очигледно купувачот сакал да остане анонимен.

„Ех Битола моја, секогаш си со мене! Сопственик на портретот на Атиџе Муратова изработен од уметникот Саше Милевски е анонимен купувач, кој географски е многу далеку, ама срцето и душата му се секогаш во Битола. Благодарност до сите кои ѝ го честитавте роденденот на Атиџе, а најголемо БЛАГОДАРАМ за гестот на уметникот кој ја понуди сликата за да ѝ го разубавиме роденденот на Атиџе“, објави Сузана на својот профил на Фејсбук.

Сузана и Атиџе негуваат големо искрено пријателство, па честопати можеме да видиме фотографии на кои двете позираат заедно.

Сузана и Атиџе
Фото: Инстаграм

Што прави денеска – Сузана Турунџиева, ТВ-водителка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот