ФОТО | Ангелот на „Викторијас сикрет“ пристигна во Белград: Алесандра Амбросио проба ракија и прошета по Кнез Михајлова

Фото: Принтскрин/Ненад Костиќ/Курир.рс/Инстаграм

Алесандра Амбросио (41), познатиот ангел на „Викторијас сикрет“, од вторникот е во посета на Белград.

Таа директно од аеродромот дошла во луксузен белградски хотел во строгиот центар на главниот град на Србија, од каде не излегувала до утрово.

Кога слетала, на новинарите им признала дека веќе пробала ракија и дека ѝ се допаднала.

Амбросио тргнала од хотелот кон Калемегдан, а во тој момент ја фотографирале и папараците.

– Луѓе, ви благодарам, сега ќе одам да го разгледам Белград, тоа е тоа – со насмевка на лицето кратко прокоментирала Алесандра за српски „Курир“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Glossy (@glossy_rs)

Во друштво на пријателите, партнерот и децата, бразилската манекенка го обиколила градот и се прошетала по улицата Кнез Михајлова, а во нејзиниот одличен аутфит доминирала жолтата чанта „Шанел“.

Да потсетиме, манекенката со семејството најпрвин беше на одмор во Црна Гора, поточно во Будва неколку дена, каде уживала и на настапот на фолк-пејачката Сека Алексиќ, а по добрата забава на Јадранот, одлучила да го посети и Белград.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MONDO (@mondoportal)


Убавата Бразилка кариерата во модниот свет ја оствари уште како тинејџерка, а откако се етаблираше како супермодел, соработуваше со најпознатите модни куќи, како „Долче и Габана“, „Гучи“, „Москино“, „Прада“, „Шанел“ и „Живанши“, и е еден од најпознатите ангели на „Викторијас сикрет“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by InformerNovine (@informernovine)

ВИДЕО | Алесандра Амброзио воодушевена од Сека Алексиќ: Манекенката уживала на нејзин настап во Будва

ФОТО | Алесандра Амбросио за празниците во Бразил со момчето: Кој би рекол дека има 40 години?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот