ВИДЕО | Алесандра Амброзио воодушевена од Сека Алексиќ: Манекенката уживала на нејзин настап во Будва

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Фолк ѕвездата Сека Алексиќ приреди спектакуларен настап во една дискотека во Будва, а на големо изненадување на нејзините фанови, но и на самата пејачка, во клубот се појави светски познатата манекенка Алесандра Амброзио која моментално престојува во Црна Гора.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SEKA ALEKSIĆ (@seka_aleksic)


Според изворот на порталот „Ало!“ кој случајно се нашол на лице место, манекенката била воодушевена од пејачката.


„Алесандра Амброцио престојува во Црна Гора со своите пријатели. Бидејќи го сака Балканот и енергијата на нашиот народ, таа изрази желба нејзините пријатели да ја однесат на некое место каде добро ќе се забавува. Предлогот на нејзините пријатели бил тоа да биде настап на Сека Алексиќ. Алесандра беше воодушевена од енергијата на Сека. Најмногу и се допаднала песната Аспирин, а притоа останала до крајот на настапот да се запознаат“ – изјавил изворот за „Ало!“

Фото: Принтскрин – Инстаграм
Фото: Принтскрин – Инстаграм
Фото: Принтскрин – Инстаграм

Ексклузивно погледнете го видеото ТУКА од запознавањето на фолк ѕвездата и поранешниот ангел на Викторија Сикрет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот